МВР денеска на мејл добиле лажна дојава за поставени бомби во повеќе скопски училишта
Лажна е дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, се вели во информацијата до јавноста на МВР.