ДУИ бара Заев да ја повлече оставката, била избрзана


Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерот Артан Груби, во отсуство на лидерот Али Ахмети кој ја славел победата во Кичево, учествувал на состанокот на коалиционите партнери на СДСМ придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими. Тие  дале недвосмислена поддршка за коалицијата и за продолжување на реформската агенда на Владата.

-Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, рече Груби.

Тој дообјасни дека ова се локални а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата. 

-Не смееме да си дозволиме авантури во вие кршливи моменти за државата, рече Груби јасно порачувајќи дека бараат Заев да ја повлече оставката. На државата, рече тој, не и треба нестрабилност и несигурност.

Ако ДУИ и другите коалициони партнери опстојат на овие изјави не е јасно каде ќе најде пратеници за ново парламентарно мнозинство ВМРО-ДПМНЕ, па и како ќе испровоцира предвремени избори.