Драматични снимки од пожарот во Лос Анџелес: Изгоре познат ресторан, гори гимназија позната од филмовите …


Шумскиот пожар што беснее кај богат дел на Лос Анџелес, уништува домови и предизвикува сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од чад што прекри голем дел од градот.
Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови што пристигнаа по долга суша. Сведоците пријавија голем број запалени куќи, а за малку ќе изгореа нивните автомобили додека бегаа од ридовите на кањонот Топанга додека пожарот се прошири кон Тихиот Океан.
 
Изгоре познат ресторан
 
Познат ресторан покрај патот во Малибу е уништен од пожар. Рел Ин, рибен ресторан со 36-годишна традиција на автопатот Пацифик Коуст, изгоре околу 16 часот, пишува Малибу Тајмс. Во соопштението објавено на Инстаграм, сопствениците Теди и Енди Леонард изразија тага и неизвесност за иднината.

„Срцето ни е скршено и не знаеме што ќе остане од се“, велат тие и додаваат: „Се надеваме дека државните служби ќе ни овозможат обнова кога ќе се смири ситуацијата“.

Сопствениците потврдија дека сите вработени се безбедни.

Според извештаите, Рил Ин бил зафатен од пламен откако пожарот го преминал кањонот Топанга во доцните попладневни часови. Малибу тајмс го опишува како „место на автопатот на Пацифичкиот брег со децении“ и омилено место за собирање за локалното население и за туристите.

Гимназијата позната од филмовите ја зафати во пламен

Средното училиште Палисадес Чартер, позната локација за снимање во Лос Анџелес, се појави во повеќе од 30 филмови и серии, вклучувајќи ги Кери, Стапица за родители и Teen Wolf.

Меѓу поранешните ученици на училиштето има познати имиња од Холивуд, како Џ.Џ. Абрамс и Вил Ај-Ем од Блек Ајд Пис (Black Eyed Peas).

Според бројните извештаи на американските медиуми, пожарот го опколил училишниот комплекс, а новинарот Метју Сидорф на платформата Х објави и видео.

Како што падна темнината, остана нејасно дали училиштето целосно изгорело.

Лос Анџелес Тајмс цитираше советник на член на училишниот одбор кој вели дека гори бејзбол теренот и тениските терени, но се уште не е потврдено дали гореле и училниците.