Домот за стари лица во Берово ќе го прошири капацитетот за уште 28 корисници
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општината.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, воедно бил потпишан и договор за групни набавки и реконструкција на Домот за стари лица „Иван Влашки“ во Берово со што ќе се зголеми капацитетот за 28 корисници.
-Соработката со Општина Берово секогаш вродува со плод. Со потпишувањето на договорот ја зацврстуваме нашата соработка. Апелирам до сите општини да го следат примерот на Берово и на градоначалникот, рече Тренчевска.
Со потпишаниот договор се уредува соработката и делување
-Договорот за јавни набавки изнесува 14.165.699,40 денари вкупна вредност со ДДВ, а средствата ќе бидат наменети за градежни работи со што објектот на Домот за стари лица „Иван Влашки“ ќе биде реконструиран и адаптиран за поквалитетен живот на старите лица кои престојуваат во него. Финансиските средства се во целост обезбедени од страна на Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од МТСП.