Домашен путер! Поевтино и подобро од купено во продавница – потребни ви се само две состојки
Домашниот путер е толку лесен за подготовка што нема да мора повторно да го купувате.
Состојки:
2 литри неутрална павлата од 30 проценти масленост
сол по вкус
Подготовка:
Ако сакате да јадете путер и секогаш го имате во фрижидер, не е на одмет да ви покажеме како да го направите дома со само 2 состојки.
Во длабок сад истурете ја павлаката и матете со миксер на мала брзина. На почетокот ќе добиете шлаг како за торти, но не дозволувајте тоа да ве одврати, само продолжете да матите со малку поголема брзина додека не се згусне уште повеќе и маснотијата не се одвои во грутки. Додека матете, посолете. Под тој збиен слој ќе ви останете течност и токму тоа треба да се постигне.
Кога путерот ќе се згусне, одвојте го од течноста со лажица или со раце, со тоа што ви одговара и исцедете го вишокот вода. Спуштете го во ладна вода неколку секунди, па повторно исцедете, обликувајте го по желба и завиткајте го во проѕирна фолија. Оставете го во фрижидер да се стегне околу еден час и готов е за употреба.