Добивките на котираните компании на берзата помали за 14,7 отсто, загубите поголеми за 58,8 отсто


Од стотина компании кои што котираат на Македонската берза, 59 трговски друштва оствариле добивка, а 37 оствариле загуба од работењето во првите три месеци годинаава, покажуваат податоците што ги објави Берзата на нејзината интернет страница.

Бројот на компании кои што работеле со добивкаа е помал да две годинава, во споредба со истиот период лани, а на оние со загуба е помал за една во споредба со лани. Годинава три друштва не ги објавиле финансиските резултати за првиот квартал, наспроти една компанија лани.

Инаку, вкупната добивка која што ја оствариле компаниите што котираат на Берзата во периодот јануари – март годинава изнесува 2,5 милијарди денари (или околу 40,6 милиони евра) што е за 14,75 отсто помалку во однос на истиот период лани кога вкупната остварена добивка изнесувала 2,9 милијарди денари (или 47,6 милиони евра).

Вкупната загуба, пак, во истиот период годинава изнесуваше 714,8 милиони денари (или 11,6 милиони евра) што е за 58,84 отсто повеќе од лани кога компаниите што оствариле негативни финансиски резултати имале вкупна загуба од 450 милиони денари (или околу 7,3 милиони евра).

Од Берзата појаснуваат дека се користени податоците од неревидираните биланси на успех на котираните друштва објавени на СЕИНет, како и дека за друштвата кои немаат објавено финансиски извештаи во предвидените рокови се преземаат соодветни мерки согласно Правилата за котација.

Најголема добивка во првите три месеци годинава прикажа Стопанска банка Скопје, 546 милиони денари што е за 1,15 отсто повеќе од истиот период лани. Потоа следувааат НЛБ банка со 418,5 милиони денари или за 1,87 отсто повеќе од лани, „Алкалоид“ – Скопје остаави добивка од 314,4 милиони денари или за 6,76 отсто повеќе од лани, Македонски телеком првиот квартал го заврши со добивка од 313,2 милиони денари, што е за 22 отсто помалку од истиот период минатата година, Комерцијална банка имаше добивка од 217,5 милиоини денари, за 50 отсто помалку од лани и тн.

На страната на загубите, најголем негативен финансиски резултат во првиот квартал годинава прикажа ОКТА – Скопје, дури 292,6 милиони денари, наспроти добивката од 23,6 милиони денари истиот период лани. Негативни финансиски резултати прикажаа и Тутунски комбинат Прилеп, минус 60,4 милиони денари (лани загубата изнесуваше 48,5 милиони денари), потоа ФЗЦ „11 Октомври“ – Куманово – минус 43,4 милиони денари (минатата година компанијата имаше добивка во првиот квартал од 462 илјади денари), ЗК „Пелагонија“ – Битола со минус од 32,8 милиони денари што е помалку од минатогодишните 54,5 милиони денари во истиот период, „Либерти“ – Скопје со загуба од 94 милиони денари (лани загубата во првиот квартал била 123,8 милиони денари) и тн. (М.Ј.)