„Дизни“ затвора 18 ТВ канали во Југоисточна Азија и Хонгконг


„Дизни“ ќе затвори 18 кабелски телевизиски канали во Југоисточна Азија и Хонгконг од 1 октомври 2021 година. Тоа претставува крај на една ера за компанијата со огромен синџир на програми за забава во регионот.

Службениците веќе биле информирани за затворањето во Сингапур.

Каналите кои ќе се затворат во Југоисточна Азија и Хонгконг по повеќе од две децении се оние со забавна содржина: Fox, Fox Crime, Fox Life и FX, Fox Action Movies, Fox Family Movies, Fox Movies и Star Movies China, спортските канали Fox Sports, Fox Sports 2, Fox Sports 3, Star Sports 1, Star Sports 2, детските канали Disney Channel и Disney Junior, како и Nat Geo People и SCM Legend.

Целта на таквата одлука е компанијата да може да се фокусира на својот стриминг модел директно до потрошувачите (D2C).