Дијамантски венчален прстен продаден за милион долари
Австралија – Прстен со дијамант од 25 карати, беше продаден на аукција во Сиднеј, Австралија, за рекордни 1,25 милиони австралиски долари.
Имено, најголемиот дијамант пронајден во Австралија стана и најскапиот драгоцен камен досега продаден во земјата. Квадратниот дијамант бил исечен од груб дијамант тежок 47.961 карати.
Според раководителот на одделот за накит на аукциската куќа „Леонард Џоел“ – Хамиш Шарма, продадениот дијамант е уникатно редок, можеби и единствен од ваков вид. – Неговата големина од 25 карати е неверојатна и има совршен квалитет на дијамант, рече Шарма.
И претходниот рекорд на Австралија беше поставен во Сиднеј, 2002 година, кога дијамантски прстен од 17,34 карати беше продаден, исто така, на наддавање во „Леонард Џоел“ за 575.000 австралиски долари. Според извештајот на Австралиското здружение на продавачи на свадбени предмети, како што пренесува порталот „9 њуз“, граѓаните во просек трошат 5.367 австралиски долари за една бурма.