Девојче е – нова принова во шведското кралско семејство


Оваа недела, шведското кралско семејство откри дека принцезата Софија и нејзиниот сопруг, принцот Карл Филип, го добиле четвртото дете. Иако јавно не го открија името на новороденчето, потврдија дека се работи за девојче.

Принцезата Софија и принцот Карл Филип се родители на три сина, принцот Александар (8), принцот Габриел (7) и принцот Џулијан (3). Принцот Карл Филип моментално е четврти во линијата за тронот.

„Денес, петок 7-ми февруари во 13.10 часот, принцезата Софија роди ќерка во болницата Дандерид во Стокхолм“, се вели во соопштението. „Бебето тежи 3645 грама и долго 49 сантиметри. Принцот Карл Филип беше присутен во болницата Дандерид во текот на целото породување“.