Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин
Вкупно 39 нобеловци ја повикаа светската заедница да ја зајакне поддршката за Украина во одбивањето на руската инвазија, да ја поддржи демократската опозиција во Русија и да не го признае Владимир Путин за претседател на земјата. Апелот е објавен на веб-страницата на научната публикација „Т-инваријант“.
„Војната во Украина и убиството на Алексеј Навални не ги засегаат само Русија и Украина. Режимот на Путин покажа дека претставува директна и јасна закана за целото човештво“, се вели во текстот. „Човештвото може да избегне самоуништување. ако се придржува до принципите на демократијата и меѓународното законодавство во областа на човековите права.Режимот на Путин цинично ги погази… Ги повикуваме светските лидери и сите луѓе со добра волја да ги напуштат сите илузии за господинот Путин и неговиот криминален режим“.
Текстот нагласува дека Навални и другите руски опозициски лидери го предупредиле светот за заканата на Путин, „следејќи го нивниот голем претходник“, академик Андреј Сахаров, добитник на Нобеловата награда за мир во 1975 година. За да ги зајакнат „надежите на Русите за демократска иднина“, авторите предлагаат да се обезбеди победа на Украина во војната со Русија.
Текстот го потпишаа 16 нобеловци за физиологија или медицина, 9 лауреати за физика, 6 за хемија, четворица лауреати за литература и тројца лауреати на награда за мир.