Делта вирусот го стави под прашалник секој успешен модел во справувањето со епидемијата


Вирусот делта го стави под прашалник секој модел на успех што се појави во изминатите 18 месеци во земјите што некогаш беа рангирани меѓу најдобрите места за живот во време на Ковид. Со високо преносливата мутација што се протнува низ строгите гранични премини и што ја загрозува заштитата што ја обезбедува вакцинацијата, Делта влијае на рангирањето за флексибилноста на мерките за Ковид на „Bloomberg“.

Така, Нов Зеланд, кој најдолго беше на позицијата број 1 сега падна на 26 места откако животот на нацијата се смени од најопуштениот до најстрогиот, бидејќи владата воведе највисоко ниво на карантин откако делтата се инфилтрираше на територијата на оваа држава. САД и Израел – високо рангирани во пролетта и почетокот на летото за нивниот напредок во враќањето во нормала по брзата вакцинација – исто така паднаа во рангирањето, бидејќи Делта предизвика нови бранови на инфекции и голем број на невакцинирани луѓе во одделенија за критична нега.

Во август европските нации беа најиздржливи со стратегија за широка имунизација и повторно отворање врз основа на статусот на вакцинација. Девет од првите 10 земји на листата што најдобро се справуваат со епидемијата се од Европа, а Норвешка го држи првото место втор месец по ред. Оваа скандинавска нација покри 60% од својата популација со вакцини и ги задржа смртните случаи на многу ниско ниво, отворајќи ги границите за вакцинирани патници.

Надолу во рангирањето за август се економиите на Југоисточна Азија, регион што се појави како нов епицентар на вируси со најголем месечен број на смртни случаи во светот по глава на жител: Тајланд е на 49 место, Виетнам на 50, Индонезија -51, Филипини – 52 и Малезија на последното место.Осамена светла точка во регионот е малиот град-држава Сингапур, кој претпазливо се отвора бидејќи 77% од населението е покриено со вакцини-втора по ранг меѓу рангираните економии.

Долните 10 земји на листата се економии во развој кои заостануваат со вакцинацијата покажувајќи како најсиромашните во светот во голема мера се соочуваат со делта вирусот без одбрана со вакцини, ситуација што шефот на Светската здравствена организација ја нарече „срам за целото човештво“. Оваа нееднаквост, најверојатно, само ќе се влоши во иднина, бидејќи богатите нации најавуваат планови за трета доза мобилизирајќи уште повеќе од ретките резерви. Подолу се табелите на „Bloomberg“ кои најдобро ја илустрираат состојбата со ковид епидемијата во светот во моментов.

На првата табела се наоѓаат земјите „плашила“ во кои бројот на жртвите од Ковид надминува 100.000.

Втората табела покажува како се рангирани одредени земји во август во споредба со јули, односно колку паднале на листата на безбедни. На третата табела се гледа рангирањето на земјите според успехот со кој се справуваат со епидемијата, дали се подобри во тоа или полоши, колкав процент од граѓаните се имунизирани и колку патни правци се отворени за нив.

Во петтата табела се наведени земјите што се најотворени за туристи и воопшто за патување, а во последната табела се гледа трендот на зголемување или на намалување на правците за патување.