Дела на македонските уметници Андреевски и Пијанманов на изложбата „Хербариум на Егејот“ во Грција


На островот Андрос, Грција, вечерва ќе биде отворена меѓународната изложба „Хербариум на Егејот“, на која ќе бидат претставени дела на уметници од четири земји, меѓу кои и на македонските уметници Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов.

Во текот на јуни оваа година, здружението за уметност „Амалија Гарденс“ ја организираше својата трета уметничка резиденција на островот Андрос, обединувајќи седум уметници: Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов од Македонија; Алексис Авламис, Никос Каскурас и Хриса Лиармакопулу од Грција, Сату Мецола од Финска и Марија Тодескини од Италија.

Уметниците го истражуваа природниот пејзаж и флората на островот, создавајќи нови уметнички дела кои ја преосмислуваат идејата за хербариум на иднината преку нивното истражување за време на престојот на резиденцијата.

Изложбата ќе биде поставена во културниот центар „Баци“ на островот Андрос и ќе биде отворена за посетители до крајот на август 2026 година.