Дефинитивно: Новак Ѓоковиќ не може да игра на УС Опен

Организаторите на турнирот соопштија дека ќе ја почитуваат одлуката на владата да не им се дозволи влез на САД на оние што не се вакцинирани


 

Надежите на Новак Ѓоковиќ да игра на УС Опен доживеаја нов удар откако турнирот рече дека ќе ги почитува правилата на владата на Соединетите Држави за вакцинација против Ковид-19.

Соединетите Американски Држави бараат од не-државјаните да бидат целосно вакцинирани против корона вирус за да влезат, што значи дека на Ѓоковиќ, кој постојано јасно стави до знаење дека нема да ја прими вакцината, нема да му биде дозволен влез.

Ѓоковиќ се надеваше дека ќе се натпреварува на УС Опен следниот месец, но нема да ризикува да се повтори ужасот со депортацијата низ кој помина во Австралија.

Ѓоковиќ (35), трикратен шампион на Флешинг Медоус – беше ставен на списокот за учесници за последниот грен слем годинава во средата, но тоа е рутина, наместо индикација дека ќе му биде дозволено да игра.

Над 17.000 лица се потпишаа на петицијата на Change.org со која се повикуваат тениската федерација УСТА и лидерите во Вашингтон да му дозволат на Новак Ѓоковиќ да се натпреварува, објави Си-Ен-Ен.

„Нема апсолутно никаква причина во оваа фаза на пандемијата да не му дозволиме на Ѓоковиќ да игра на УС Опен 2022 година. Владата на САД и УСТА мора да соработуваат за да му дозволат да игра. Ако можат да играат невакцинирани американски играчи, на Ѓоковиќ како една од легендите на играта мора да му се дозволи да игра. ДА СЕ СЛУЧИ ТОА, УСТА!“ се наведува во петицијата.

Во соопштението на УС Опен, кој нема свои правила за вакцинација, се вели: „Според правилникот за Грен слем, сите играчи кои ги исполнуваат условите автоматски се внесуваат во полињата за главното извлекување во сингл за мажи и жени врз основа на рангирањето 42 дена пред првиот понеделник на настанот.

„УС Опен нема мандат за вакцинација за играчите, но ќе ја почитува позицијата на американската влада во врска со патувањето во земјата за невакцинираните неамерикански државјани“.

По поведата на Вимблдон на прашањето за настап на УС Опен Ѓоковиќ рече: „Нема да одам во Америка ако немам дозвола, бидејќи австралиската сага за мене не беше воопшто пријатна.

„Луѓето сè уште мислат дека инсистирав на патот во Австралија и се обидов да влезам без документи, дозвола или изземање – тоа не е точно. Тоа беше докажано во судските случаи, па никогаш не би отишол во земја каде што немам дозвола да патувам. Би сакал да се вратам во Австралија. Ја сакам Австралија, во таа земја ги имав моите најдобри грен слем резултати. Се надевам дека ќе бидам таму во јануари затоа што сакам да бидам таму, а исто така сакам да бидам и во Њујорк.

Сакам да бидам во Америка и секаде каде што можам да играм“, рече тој.

Според австралиските правила, на оние кои биле депортирани не им е дозволено да се вратат во земјата три години, со што се доведува во прашање неговото идно учество на турнирот што го освои девет пати.

Има, се разбира, многу нешто што може да направи – да им се придружи на 5,2 милијарди луѓе кои се вакцинирани. Запрашан дали „целосно го затворил умот“ за таа опција, 35-годишникот одговори: „Да“.

Австралиските тениски шефови се уверени дека тој ќе може да учествува во Мелбурн во 2023 година.

Причината е што се очекува новиот премиер Ентони Албанез да заземе повеќе сочувствителен поглед кон случајот на Ѓоковиќ од неговите претходници. Албанезе е огромен тениски следбеник кој го игра овој спорт неколку пати неделно.

Премиерот има близок дијалог со Тенис Австралија – многу поблиску од претходната администрација – и ќе размислува да ја укине тригодишната забрана за влез по меѓународниот инцидент што се случи оваа година.

Тенис Австралија рече дека работата не е нивна одлука, но исходот се очекува да биде Ѓоковиќ да игра, со надеж дека потенцијално ќе се изедначи со 22-те грен слем титули на Рафаел Надал. (Дејли мејл)