Децата во САД се здебелиле двојно повеќе за време на пандемијата


Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека кај децата и тинејџерите во САД  индексот на телесна маса (БМИ) се зголемува двојно повеќе од нормалната стапка за време на пандемијата Ковид 19, што укажува на тоа дека карантините и мерките за епидемијата имаат придонес во зголемувањето на телесната тежина повеќе од вообичаеното.

Според неделниот извештај на Агенцијата за морбидитет и морталитет, објавен во четвртокот, официјалните лица забележале дека кај лицата на возраст од 2 до 19 години БМИ „се зголемил приближно двојно за време на пандемијата во споредба со периодот пред пандемијата“, додавајќи дека „лицата со препандемична прекумерна тежина или дебелина и -децата на помала возраст доживеале најголем пораст во тежината “.

Истражувачите проценија дека 22,4 проценти од споменатата возрасна група се сметале за дебели во август 2020 година, додека една година претходно околу 19,3 проценти биле дебели. Лицата со дебелина пред пандемијата забележале дека нивниот БМИ стапка се зголемува за 5,3 пати во споредба со периодот пред пандемијата. Тинејџерите и децата со умерена до тешка дебелина месечно во просек се здебелиле од 1 до 1,2 килограми, во износ од 6,1 до 7,6 килограми за шест месеци, соопшти здравствената агенција. Децата на возраст од 6 до 11 години забележаа најголемо зголемување на тежината, достигнувајќи 2,5 пати повисокавредност  во споредба со таа пред пандемијата.

Од почетокот на пандемијата минатата година голем број училишни области низ САД воведоа задолжително седење дома и користеа виртуелно или учење на далечина.

ЦДЦ истакна дека како што се отвораат училиштата и другите места, важно е на децата и семејствата да им се дадат „големи можности за правилна исхрана и редовна физичка активност“.

„Забрзаното зголемување на телесната тежина, особено кај децата со прекумерна тежина или дебелина, може да предизвика долготрајни метаболички промени што ги ставаат во ризик од сериозни и скапи состојби, како што се дијабетес тип 2, хипертензија и депресија“, се вели во извештајот на ЦДЦ.