Данска ја зајакнува одбраната на Арктикот

Данска– Данска значително ќе ги зајакне своите одбранбени способности на Арктикот, вклучително и беспилотни летала и радари, бидејќи намалувањето на морскиот мраз ја забрзува трката меѓу светските сили за контрола над ресурсите и водните патишта, јавија локалните медиуми.
Воено натрупување се случува додека Кина и Русија преземаат се поагресивни активности во регионот, дури и кога Данска и нејзините соседи на Арктикот во последните децении се обидоа зоната да ја зачуваат „нискотензична“.
Европратениците во нордиската земја се согласија да потрошат половина од 1,5 милијарди дански круни (245 милиони американски долари) на беспилотни летала за да го подобрат надзорот во Гренланд, кој е полуавтономен дел на Кралството Данска.
Речиси 400 милиони круни ќе бидат потрошени на радар во Северен Атлантик.
– Сведоци сме на зголемување на странската активност на Арктикот и Северен Атлантик, нагласи данската министерка за одбрана Трине Брамсен.
– Потребно ни е подобро следење и присуство во регионот – не за ескалација на конфликт, туку затоа што заканите треба сериозно да ги сфатиме, рече таа.