Дали „Ситроен“ го враќа „спачекот“?


 

По успешната реинкарнација на иконите на „Рено“ (Renault), „Ситроен“ (Citroen) се одлучи за истиот рецепт – доаѓа новиот 2CV, или популарниот „спачек“.

Токму така, „Ситроен“ ќе го реинкарнира својот најпопуларен автомобил на сите времиња. Не станува збор за иконата DS, туку на 2CV. Притоа, не треба да се очекува модел како што е Pluriel, на пример, туку на автомобил што е значително поблиску до оригиналот.

Во овој милениум, 2CV пет станува работно возило, но на електричен погон. Ќе биде интересен градски автомобил со ретро изглед, но и многу достапен. Тој наводно би можел да се натпреварува со најевтините автомобили на пазарот, како Dacia Spring и надоаѓачките кинески хечбези, во однос на цената.

Проектот сѐ уште е во зародиш, но се шпекулира дека ќе ја користи платформата на неодамна претставениот „Ситроен“ e-C3. Се чини дека Стелантис е изненаден од интересот за ретро моделот на „Рено“, новиот 5EV, па развојот би можел да се забрза токму за 80-годишнината на моделот. Преведено, во 2028 година, реинкарнираниот 2CV ќе излезе на патиштата.

За оваа можност пишуваше и британскиот „Аутокар“, кој тврди дека висок извор од „Ситроен“ потврдил дека проектот се реализира, иако сѐ уште е во рана фаза. Извештајот, исто така, вели дека „Ситроен“ стапил во акција откако го видел ривалот „Рено“ како постигнува полн погодок со новата „петка“. Во исто време, новиот производ на „Рено“ се покажа како поуспешен на пазарот од e-C3, кој заостана во изборото за Европски автомобил на годината.

За потсетување, од 1948 до 1990 година беа произведени над 3,8 милиони примероци од моделот 2CV. Додека другите брендови лансираа голем број ретро модели во минатото, малиот 2CV остана во сенка. Штета, бидејќи токму овој модел има еден од најверните и најбројните следбеници.

Специјализираната интернет страница  „Топ геар“ исто така се осврнува на оваа тема, цитирајќи шефот на „Ситроен“,Тиери Коскас, кој вели: „Можеме да направиме еден исклучок“.

 „Јас би рекол, никогаш не кажувај никогаш“, вели Тиери Коскас, кога на директно прашање на „Топ геар“ за враќање на посакуваниот мал херој.

Рендерот на „Аутокар“ замислува како би можел да изгледа нов 2CV, во голема мера базиран на оригиналот

Иако тој не е љубител на оживување на старите имиња, тој смета дека може да има простор за враќање на „најтврдиот“ француски автомобил.

„Да бидам искрен, не ми се допаѓа ретро дизајнот, но можеме да препознаеме дека тоа е актуелниот тренд и затоа можеме да направиме нешто. Имаме многу икони што можеме да ги користиме. Но, не сакам да го направам генералниот правец на брендот, така што нема да правиме Traction Avant, SM, CX или AX, но може да направиме еден исклучок“, вели Коскас.