Дали постои поврзаност помеѓу векторските вакцини и појавата на тромбози?


Фото: Б. Грданоски

Прво со вакцината на АстраЗенека дојде до појава на тромбози, сега слични појави се забележани по примање на вакцината на Џонсон и Џонсон. Дали тоа е поврзано со начинот на кој дејствуваат векторските вакцини?

Појавата на тромбози на венски синус (церебрална венска тромбоза) што во изминатите месеци беше забележана особено кај млади луѓе по примање на вакцината на АстраЗенека, сега изгледа се повторува и со вакцината на Џонсон и Џонсон. Вакцинирањето во САД привремено беше стопирано. Двете вакцини се т.н. векторски вакцини, кои функционираат преку користење на – за човекот безопасни – транспортни вируси кои го пренесуваат генетскиот материјал од спајк-протеинот на САРС-Ков-2 до ќелиите каде се рамножуваат типичните протеини и со тоа предизвикуваат имунолошка реакција на организмот. Но, дали може да е само коинциденција што тромбозите се појавуваат токму кај две векторски вакцини?

Во текстов ги сумираме најважните прашања и одговори на темата.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука