Дали брзо ви се масти косата? Решението е во оваа намирница
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/11/mrsna-kosa.jpg)
Ако сте од оние луѓе кои имаат проблем со мрсна коса, тогаш сигурно знаете колку оваа појава може да биде заморна и непријатна. Сепак, постои едноставно решение и за тоа.
Солта се користи во козметичката индустрија уште од античко време, а обичната кујнска сол е најдобар сојузник за убавина и нега на коса и кожа.
Оваа намирница е веќе добро позната по своите здравствени придобивки. Многу луѓе го користат како купка за стапала, но има и многу други начини за користење кои даваат феноменални резултати.
Ако вашата коса брзо се масти, можете да го испробате овој трик: додадете малку сол во шампонот што редовно го користите. Измијте ја косата нормално, користете регенератор и повторете ја постапката неколку пати во следните денови. Наскоро ќе забележите дека вашата коса е помалку мрсна.
За да додадете волумен на вашата коса, солта исто така може да помогне. Комбинирајте ја оваа намирница со регенератор, загрејте ја смесата на тивок оган, а потоа нанесете ја на косата и масирајте од коренот до врвот. Нека ви отстои на главата околу 20 минути, а потоа исплакнете. Резултатите ќе ве воодушеват. Краевите ќе се скротат, ќе се спречи нивното „кинење“ и воопшто вашата коса ќе изгледа побујно и поздраво.