Црвениот килим на Кан со строги правила: Со високи потпетици на Кроазета


Франција – Сите црвени килими имаат иста боја, но не се исти. А ниту еден не може да се мери со црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, кој претставува ригорозно организирана железна ракавица обвиткана во гламур, една надреална кореографија на режиран раскош. Тоа е еден посебен свет со строги правила и традиција, а минувањето низ него е вртоглаво дури и за најискусните ѕвезди.

Црвениот тепих на Кан, заедно со придружното фотографирање пред бедемот од фоторепортери, ја сочинува фестивалската блескава иконографија на Француската ривиера, која е позната во целиот свет и ѝ парира на познатата оскаровска променада. Неодамнешниот спор околу обувките на црвениот тепих во Кан е пример за необичноста на овој возвишен екосистем. Неколку гостинки лани беа вратени од премиерите бидејќи не носеле високи потпетици. Откако се расчу веста, следуваа острите реакции.

Фестивалот настојуваше дека инцидентите се должат на некои припадници на обезбедувањето што престрого го протолкувале дрес-кодот, но дури и холивудски филмаџии раскажуваа дека не им било дозволено да влезат на сопствените премиери бидејќи не носеле соодветни обувки или носеле вратоврска наместо пеперушка.

Додека на повеќето настани на црвениот тепих сè се случува во метеж од медиуми, обожаватели и ѕвезди, на Кан сè тече како подмачкано по распоред. Два-три пати дневно долгиот карван фестивалски автомобили ги носи ѕвездите на премиерите на главната улица во Кан, Кроазета, и ги остава на едниот крај на црвениот килим. Се шетаат само откако ќе влезат поголемиот дел од гостите и застануваат на неколку места да позираат за фотографите, дотерани во смокинзи кои, исто така, го следат фестивалскиот дрес-код. Потоа се качуваат по 24. скали на Кан и влегуваат во Палатата, па застануваат да помавтаат од врвот каде што ги пречекуваат директорите на Фестивалот.

Ова буквално е и метафорично искачување на филмскиот кралски небесен свод.

„Се качувате по скалите на пирамидите“, велат холивудските ѕвезди. Обично на многу појавувања на црвениот тепих треба да се фотографирате пред разни паноа. Не мора да зборувате за филмот пред да влезете да го гледате. Дојдени сте на филмски фестивал, значи тука сте за филмот. Не станува збор за тоа што мислиме ние за филмот.

 

На други премиери обично се пречекорува планираниот распоред на ѕвездите, но на Кан некој од многуте членови на организацијата кои се задолжени за протоколот ќе ги расчисти дури и најславните и ќе им каже да не завлекуваат со фотографирање.

Помпата е малку посуштинска на Канскиот филмски фестивал, во споредба со повеќето други настани со црвен тепих, бидејќи на крајот на краиштата е во служба на чествување на дел од уметнички најамбициозните филмови на годината.

Кан го одмотува црвениот тепих само за неколку десетици внимателно избрани филмови за секое фестивалско издание, и поголемиот дел од нив се дела на најпочитуваните режисери во светската кинематографија.