Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
Најмалку четири лица загинаа, а 17 се повредени во верижен судар на автопатот 96 во американската сојузна држава Мичиген, соопшти полицијата.
Сударот се случил во близина на градот Вебервил, кога комбе налетало на колона од десетина возила во југоисточниот дел на Мичиген. Возилата биле запрени поради привремен застој на сообраќајот, предизвикан од работи на далеководите.
4 dead, 17 injured in massive crash on I-96 in Ingham County
I-96 near M-52 is expected to be closed for an indefinite period of time as crews with the Michigan Department of Transportation work to access the structural integrity of the M-52 overpass due to the fire.… pic.twitter.com/KpUgndPVgD
— Michigan News Source (@MINewsSource) November 3, 2024
Возачот на комбе, судејќи по сè, не ги забележал застанатите возила и не можел навреме да запре, посочува полицијата на Мичиген.
По сударот, сите возила се запалиле, а четири лица загинале, додека 17 повредени се пренесени во блиски болници.