Чешкиот министер за здравство: Состојбата со корона вирусот се влошува

Чешкиот министер за здравство Јан Блатни ги повика сограѓаните да се однесуваат одговорно и да се придржуваат до мерките за заштита од корона вирус, предупредувајќи дека состојбата се влошува, а ќе биде уште полошо за неколку недели.
„Ако колективно не го сопреме преносот на вирусот, состојбата ширум земјата ќе наликува на состојбата во моменталните жаришта за две до три недели“, предупреди Блатни.
Владата во голема мерка ги затвори окрузите Чеб, Соколов и Трутнов, а Блатни не ја исклучи примената на оваа мерка и во други жаришта. Како што кажа, состојбата се влошува во бран што се шири од запад кон исток на земјата.
Здравствениот систем, според него е на граница на издржливост.
Речиси 12,5 илјади нови зарази
Властите денеска информираа дека има 12.486 нови случаи на зараза со корона вирус, што е најмногу од почетокот на јануари. Досега во Чешка се забележани 18.596 смртни случаи.
Покрај ризиците, министерот за трговија Карел Хавличек работи на рпитисок следната недела да се отворат продавниците, а за продавачите бара задолжително носење медицински ФФП2 маски.