Чеченците крадат сè што ќе им дојде при рака во Украина, три нови комбајни пренеле во село на нивни политичар


Неверојатно е што сѐ руската армија, а особено Чеченците со кои командува љубителот на чизмите на Прада, Рамзан Кадиров, крадат во Украина и го носат во нивните домови оддалечени до 2.000 километри.

Така, како што јавуваат украинските медиуми, од изложбениот простор на „Агротек-Инвест“, официјалниот претставник на „Џон Дир“ („John Deere“ ) и „Вадерштад“ (“Väderstad”) земјоделска механизација, во украинскиот град Мелитопол, биле украдени три нови ЈД комбајни s760, трактор и пет Väderstad Tempo сеалки како и 20 тони брендиран лубрикант во вредност од 1,5 милиони евра, пренесува „Слободна Далмација“.

Благодарение на ГПС-локаторите, оштетената компанија успеала да открие дека скапата земјоделска механизација моментално се наоѓа во Чеченија, во селото Закан-Јурт кај Грозни, кое е оддалечено повеќе од илјада километри од Мелитопол.

Тешка земјоделска опрема беше одвлечена до огромна фарма за одгледување жито лоцирана во родното село на чеченскиот политичар Муслим Хучиев и неговиот брат Тамерлан Хучиев, кој раководи со областа.

Тамерлан Хучиев е познат и по тоа што 11 години беше извршен директор на Фондацијата „Ахмат Кадиров“. Фондацијата пред неколку недели им подели лименки со храна на жителите на блокираните села околу Мелитопол во областа Запорожје. Сега се гледа дека тоа била прилично профитабилна милостина. Хуманитарна помош во стари лименки се наплаќала со кражби како оваа вредна 1,5 милиони евра.

Инаку, оваа фондација гради социјални објекти во Чеченија, а на отворањето можеше да се види Адам Делимханов, близок пријател на Рамзан Кадиров, кој сега е исто така со чеченските единици во Украина.

Рамзан Кадиров

Досега беа објавени серија видеа за грабежите во Украина за кои се пишуваше. Се краде сè, од лажици до комбајни, а надзорната камера на канцеларијата за испорака на пакети во Мазир, град во Белорусија каде руската војска беше на одмор, сними војници како испраќаат тони пакети дома во Русија. Имаше телевизори, мобилни телефони, клима уреди, скутери, автоделови и разни други вредни техники и алатки. Тоа беа руски војници кои накратко се повлекоа во Мазир, а се бореа во околината на Киев, пишува „Слободна Далмација“.

Благодарение на технологијата, како и кај комбајните, многумина ги лоцираат своите украдени предмети во Русија. Украинецот Виталиј Семенец успеал да ги следи движењата на руските војници на исток од земјата преку безжични слушалки кои биле украдени од неговата куќа во близина на Киев.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vitaliy Semenets (@vitaliysemenets)

 Apple AirPods имаат опција да ја користат опцијата „Find my“ и благодарение на неа Украинецот го следел движењето на украдените слушалки преку блутут технологија од Украина, преку Белорусија до Белгород во Русија каде што војската на Путин се подготвувала да го нападне Донбас.