Бутан е единствена земја на светот во која од Ковид-19 почина само едно лице


 

Бутан во моментот е единствена земја на светот во која од корона вирус почина само еден пациент. Ова е изненадувачко со оглед на тоа дека Бутан е една од најсиромашните земји во светот.

По избивањето на пандемијата се чинеше дека Бутан не е спремен за неа. Но, се покажа како многу успешен во сузбивањето на заразата.

Оваа земја со повеќе од 760.000 жители успеа иако има многу малку здравствени работници. Имено, имаат само 318 лекари, 3.000 други здравствени работници и еден ПЦР апарат.

Од друга страна, во соседна Индија корона вирусот усмрти повеќе од 150.000 луѓе.

Првиот смртен случај предизвикан од корона вирусот во Бутан беше регистриран во јануари годинава. Почина 44-годишен маж кој пред тоа имал и други здравствени проблеми.

Добро лидерство како причина за успех

Познатиот новинар на Си-ен-ен, Фаред Закариа смета дека за успехот е заслужно доброто лидерство во кризно време. Без оглед на тоа што туризмот е една од најзначајните стопански гранки во земјата која носи 900 милиони долари годишно, власта ги затвори границите.

Освен тоа, граѓаните масовно се тестираа, одржуваа физичка дистанца, а на сите им се поделени средства за хигина на рацете. Медицинските работници делуваа одговорно, спроведен е локдаун или заклучување, како и рестриктивен карантин од 21 ден.

На чело на државата се премиерот, министерката за здравство и министерот за надворешни работи, кои и самите се здравствени работници. Значителен придонес даде и кралот.

Се подготвија за вирусот

И пред оваа пандемија Бутан соработуваше со Светската здравствена организација за да биде поподготвен ако се појави некој вирус. Па така во ноември 2019 година извеле симуалција на евакуација од авион во кој за патниците се смета дека се заразени со корона вирус.

На почетокот на минатата година, по избивањето на пандемијата со корона вирус во Кина, веднаш се преземени неопходните мерки. Бутан, без оглед на оскудните ресурси, пружи силен отпор на корона вирусот, објави Си-ен-ен.

Според податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, во оваа држава регистрирани се 866 случаи на заразени од почетокот на пандемијата.