Бугарски дипломат барал да го посети Камчев
Советник од бугарската амбасада во Македонија ќе го посети обвинетиот бизнисмен, Орце Камчев во притвор на почетокот на ноември бидејќи Камчев бил бугарски државјанин.Ова го соопшти судијата, Илија Трпков кој дал дозвола за посетата за на 5 ноември.
Имено, амбасадата на Бугарија во Македонија испратило вербална нота до Министерството за правда со барање да се дозволи советник да го посети Камчев кој е државјанин на Бугарија.
Камчев е во притвор во Шутка повеќе од шест месеци за случајот “Плацеви на Водно” и постојано се жали за неговиот третман во затворот во македонската јавност и до меѓународните институции.