Брз тест ви открива колку сте остареле! Ви требаат само 30 секунди
Новото истражување покажува дека способноста да се балансира на едната нога точно открива колку години имате.
Според новото истражување на клиниката Мајо, колку долго човек може да стои на едната нога може точно да покаже колку години има некој.
– Промените во балансот се значајни. Ако имате лоша рамнотежа, постои ризик од паѓање, без разлика дали се движите или не. Падовите се сериозен здравствен проблем со потенцијално тешки последици – вели д-р Кентон Кофман, еден од авторите на студијата и директор на Лабораторијата за анализа на движењата во клиниката Мајо.
Во истражувањето учествувале 40 здрави луѓе на возраст од 52 до 83 години. Беа тестирани нивното одење, рамнотежа, силата на стисокот и силата на коленото. Резултатите покажаа дека рамнотежата на едната нога, особено на недоминантната, најбрзо опаѓа со возраста.
Истражувањата покажуваат дека рамнотежата на една личност може да почне да опаѓа околу средната возраст. Возрасните во нивните 30-ти и 40-ти би можеле да балансираат на едната нога речиси една минута. Возрасните 50-годишници можеле да стојат на едната нога околу 45 секунди, а 70-годишниците 26 секунди.
– Доколку не можете да стоите на една нога пет секунди, постои зголемен ризик од паѓање. Од друга страна, човек кој може да стои 30 секунди на едната нога, особено во постара возраст, има многу добра рамнотежа – изјави докторката.
Можете да ја подобрите вашата рамнотежа со редовно вежбање. Стоењето на едната нога може да му помогне на телото да ја одржи стабилноста.
– Ако не ги искористиш своите способности, ги губиш. Ако ги користите, ги одржувате. Вежбите за рамнотежа се едноставни, не бараат посебна опрема и можат да се прават секој ден – истакна д-р Кофман.