Бројот на жртвите од ковид во светот надмина пет милиони
Бројот на луѓе кои починаа низ целиот свет како резултат на корона вирусот надмина пет милиони, бидејќи вирулентниот вид Делта продолжува да ги опустошува невакцинираните земји.
Иако беше потребно нешто повеќе од една година за бројот на починати од Ковид-19 да достигне 2,5 милиони, следните 2,5 милиони смртни случаи беа регистрирани за нешто помалку од осум месеци.
Во просек по 8.000 смртни случаи беа пријавени дневно низ целиот свет во текот на минатата недела – околу пет смртни случаи секоја минута. Но, глобалната стапка на смртност забавува во последните недели, се вели во анализата на Ројтерс.
Агенцијата известува дека повеќе од половина од сите глобални смртни случаи пријавени во просек од седум дена биле во Соединетите Држави, Русија, Бразил, Мексико и Индија.
Што пишува Ројтерс:
Во последниве денови се зголемува фокусот на добивање вакцини за посиромашните нации, каде што многу луѓе допрва ќе ја примаат првата доза, иако во побогатите земји почнаа да се дава и трета доза.
Повеќе од половина од светот допрва треба да прими барем една доза вакцина против Ковид-19. Светската здравствена организација оваа недела рече дека нејзината програма за дистрибуција Ковакс, за прв пат, ќе дистрибуира вакцини само во земјите со најниско ниво на покриеност.
Ковакс системот од јануари во голема мера распредели дози пропорционално меѓу 140-те држави кориснички, според големината на населението.
Маријангела Симао, помошник генерален директор на СЗО за пристап до вакцини, рече:
„За понудата во октомври, дизајниравме различна методологија, опфаќајќи ги само учесниците со ниски извори на снабдување“.
Варијантата Делта сега е доминантен вид низ целиот свет и е пријавена во 187 од 194 земји-членки на Светската здравствена организација.