Британски здравствен регулатор: Регистрирани 30 случаи на тромб по аплицирање вакцина на Астра Зенека


Англија–  Британскиот здравствен регулатор синоќа соопшти дека се регистрирани 30 случаи на ретки згрутчувања на крвта по аплицирање на вакцината Астра Зенека против Ковид-19.

Таа цифра е за 25 повеќе од претходниот извештај, јави ДПА.

Агенцијата за регулирање на лекови соопшти дека не добила никакви извештаи за згрутчување на крвта по употребата на вакцината на Фајзер Бионтех.