Британија потврди дека ѝ испорачала на Украина крстосувачки ракети со долг дострел

Ова е прво оружје што може драматично да ги зголеми способностите на Украина да се брани од руските сили и да напаѓа во окупираните области


Овие крстосувачки ракети се оружје за борбени ловци

 

Министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас, ги потврди извештаите дека неговата земја ѝ донирала на Украина крстосувачки ракети со долг дострел „Сторм шедоу“.

Тој им рече на пратениците во Долниот дом:

„Денес можам да потврдам дека Обединетото Кралство ѝ донира на Украина ракети ‘Сторм шедоу’.

Оваа ракета има можност за прецизен удар со долг дострел, само конвенционален.

Донацијата на овие системи за оружје ѝ дава на Украина најдобра шанса да се брани од континуираната руска бруталност, особено намерното таргетирање на украинската цивилна инфраструктура, што е спротивно на меѓународното право.

Украина има право да може да се брани од ова“.

Си-Ен-Ен прв ја објави одлуката, цитирајќи повеќе високи западни функционери.

Се наведува дека Британија добила гаранции од украинската влада дека овие ракети ќе се користат само на украинска суверена територија, а не во Русија.

Валас рече дека нема да даде повеќе детали за способностите, но додаде дека „иако ова оружје ќе ѝ даде на Украина нова способност, членовите треба да признаат дека овие системи не се ни во иста лига со руската хиперсонична ракета АС-24 или дури крстосувачката ракета ‘Калибр’ со дострел од над 2.000 километри, приближно седум пати поголем од ракетата „Сторм шедоу“.

Тој додаде:

„Едноставно нема да стоиме настрана додека Русија убива цивили. Русија мора да признае дека само нејзините дејствија доведоа до обезбедување на такви системи на Украина“.

„Сторм шедоу“ е крстосувачка ракета со долг дострел со стелт способност, заеднички развиена од ОК и Франција, која обично се лансира од воздух. Со дострел поголем од 250 километри, тој е само за нијанса покус дострел од американските ракетни системи АТАЦМС  од 300 километри што Украина долго време го бара.

Овие ракети има опсег да удрат длабоко во територијата што ја контролира Русија во источна Украина. Официјални лица на ОК даваа чести јавни изјави во кои Крим го идентификуваа како украинска суверена територија, опишувајќи го како „нелегално анектирана“.

Ракетата е „вистински менувач на играта од перспектива на дострел“, изјави висок американски воен претставник за Си-Ен-Ен и му дава на Киев способност што ја бара од почетокот на војната. Како што објави Си-Ен-Ен, моменталниот максимален дострел на Украина на оружје обезбедено од САД е околу 90 километри.

Распоредувањето на ракетите доаѓа додека украинските сили се подготвуваат да започнат контраофанзива наменета за повторно преземање на територијата под контрола на Кремљ во источните и јужните делови на земјата.