Борисов: Во Европа сме на прво место по притворени криумчари


Во Европа сме на прво место по приведени и осудени криумчари, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој одржа средба со премиерот на Баварија, Маркус Зодер, кој е во посета на Бугарија, и разговараа за билатералната соработка во областа на внатрешните работи, безбедноста, економијата и финансиите, како и многу други теми од европската агенда.

Бугарскиот премиер го увери баварскиот колега дека Бугарија постојано инвестира сопствени средства во обезбедувањето на границите, не само за нова техника, туку во обука на персоналот.

– Значајно е она што Бугарија го прави за заштита на надворешните граници, рече Борисов.

Тој се заблагодари за добрата оценка за борбата против илегална миграција и поддршката, која од баварска страна беше изразена за примањето во Шенген и истакна дека „бугарскиот народ со многу напор го постигна тоа што вие мерите. Кога најмоќната економија во Германија ја дава таа проценка, тоа е померодавно од кажаното на нашите политички противници “.

Бугарскиот премиер ја истакна и економската стабилност, нискиот надворешен долг, ниската невработеноста во земјата и нагласи дека Бугарија продолжува да биде добро место за инвестиции.

– Нашата партија се нарекува Граѓани за европски развој на Бугарија. Таа има само еден пат – европскиот, рече Борисов.