Борис Џонсон сакал „да го убие ковид со специјален фен“


Борис Џонсон излегува од гласачкото место

Борис Џонсон ги прашал врвните научници Сер Крис Вити и Сер Патрик Валанс дали Ковид може да биде уништен со дување со „специјален фен“ во носот, изјави  Доминик Камингс, поранешниот висок политички советник на Џонсон кој го опиша овој момент како „ниска точка“ во неговото премиерување. Екс-премиерот пуштил и видео на YouTube од човек кој користи уред за оваа намена.

Камингс рече исто така дека Џонсон побарал од него да најде „мртва мачка“ за да ја отстрани пандемијата на коронавирус од насловните страници на весниците, бидејќи му се „гадело“ од неа. „Мртвата мачка“ се однесува на стратегија за политичко мешање со циркулирање на впечатливи тврдења со цел да се одвлече вниманието од несакана приказна. Поранешниот советник ги даде овие тврдења во изјава како  сведок во истрагата за Ковид.

Тој, исто така, кажа дека Џонсон работел на биографија на Вилијам Шекспир наместо на пандемијата додека бил на двонеделен одмор во февруари 2020 година.

„Беше крајно расеан“, рече Камингс. „Тој требаше да го финализира разводот и се бореше со финансиски проблеми, покрај плановите за трошење на неговата девојка за станот број 10“.

Претходно Камингс кажа дека се соочил со „нефункционален систем“ за време на „распаѓањето на британската држава“ и не успеале да се справат со кризата бидејќи Џонсон ја минимизирал пандемијата. Камингс рече дека ранливите групи, како што се етничките малцинства и жртвите на семејна злоупотреба биле „целосно ужасно запоставени“ за време на размислувањата за заклучување. Тој рече дека „една од најстрашните работи“ бил недостатокот на заштитен план во март 2020 година при што кабинетот се обидувал да ги блокира да го креираат.