Болсонаро бара ослободување од домашен притвор поради операција

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро побара кратко ослободување од домашен притвор од здравствени причини, јавија француските медиуми.
Болсонаро изјави дека му е потребна медицинска интервенција, која ќе биде извршена во приватна клиника во бразилската престолнина. Тој поднел барање до судијата Александар де Мораиш, кој е задолжен за неговиот случај.
Лидерот на бразилската крајна десница може да се соочи со 43 години затвор во судењето за обид за државен удар. Пресудата се очекува оваа недела.
Болсонаро е во домашен притвор од почетокот на август поради сомнение дека може да влијае за попречување на судењето.
Тој има здравствени проблеми кои произлегуваат од нападот со нож за време на изборната кампања во 2018 година.