Болните од Ковид-19 и оние во изолација ќе земаат цела плата


На денешната седница на Владата била разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од ковид-19 како и на вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза.

„Врз таа основа беше донесен заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од Ковид-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од Ковид-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради Ковид-19 да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата.

Владата донесе заклучок да им препорача на организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, на Градот Скопје и општините во Градот Скопје да постапат идентично како во претходниот заклучок.