Блинкен заглавен во Швајцарија поради „критичен дефект“ во авионот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска накратко беше блокиран во Давос поради „критичен дефект“ на неговиот авион поврзан со истекување на кислород, што доведе до тоа друг авион да го земе од Швајцарија, изјави лице од медиумската група што го следи. Највисокиот американски дипломат пристигна во Давос во понеделникот на годишниот Светски економски форум, а денеска требаше да се врати во Вашингтон.
Блумберг објави дека се работи за авион Боинг. Ројтерс не можеше веднаш да потврди кој авион го користел Блинкен на своето патување. Блинкен со хеликоптер бил пренесен од Давос во Цирих, каде што се качил на неговиот авион, но потоа бил информиран дека нема да може да го врати назад во САД.
На членовите на медиумската група што го придружуваше и неговите помошници им беше кажано да се вратат во Вашингтон со комерцијални летови.