Битиќи: Власта манипулира, пензиите всушност ќе се зголемат само за 1.000 денари


 
Во „Дневен клик“ на ТВ21 пратеникот на СДСМ, Фармир Битиќи рече дека новата влада манипулира со линеарното зголемување на пензиите, потенцирајќу дека пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување и дека разликата сега е само 1.000 денари.
 
„Дефинитивно ќе имаше покачување во септември, бидејќи ќе имавме усогласени пензии, јавно кажувам дека дел од категоријата пензионери всушност ќе добијат, можеби на нивната сметка 2 500 денари, но разликата од она што би го добиле и онака, и тоа што го добиваат денеска е 1.000 денари, за некои категории, за некои пензионери разликата е нула“, рече Битиќи.
 
Рушењето на системот на усогласување на пензиите со просечната плата, односно со само линеарен раст, има ризик владата во иднина воопшто да не ги зголемува пензиите, потенцира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
 
А за државниот буџет со ребалансот, вели,  станува еден од најскандалозните буџети.
 
Битиќи дидаде дека се манипулира со мислењето дека наводно се работи во интерес на граѓаните и додаде дека во многу сектори има намалување на буџетите и дека не треба да се очекува подобрување на квалитетот на животот.
 
„Буџетот е еден од најсмешните буџети што сум ги видел. Можност да се манипулира мислењето дека се работи за интерес на граѓаните, но всушност не е затоа што нема пари за плата, за покачување на платите. Што ќе значи дека сите колективни договори што се направени ќе бидат отповикани. Во образованието, здравството, Министерството за внатрешни работи, Армијата, сите овие сектори имаат намалување на ресурсите или јасен знак дека нема да се обезбеди зголемување на платите“, рече пратеникот Фатмир Битиќи.