Билал Касами го исклучи Кастриот Реџепи од партијата


Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, преку статус на Фејсбук објави дека го исклучил од партијата и од сите партиски функции пратеникот Кастриот Реџепи.

Одлуката ја оправда со вчерашнoто исчезнување на Реџепи и недоаѓање во Собранието каде што опозицијата требаше да ја руши власта, што беше договорено во партијата.

Според Касами, пратеникот Кастриот Реџепи со оваа постапка сериозно го оштетил движењето Беса.