Бил Клинтон го исмеа Трамп: „Стар сум, но сè уште сум помлад од него“ (видео)


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се обрати пред толпата на третата вечер од Демократската национална конвенција, му се заблагодари на претседателот Џо Бајден за негововот претседателствување и ја пофали демократската претседателска кандидатка Камала Харис.

Клинтон ја истакна важноста на претседателските избори во САД во ноември и неопходноста од победа над републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп, кого го исмеваше во својот говор, пренесува НПР.

„Да прејдеме на поентата. Престар сум за да кажам нешто паметно, но сепак сум помлад од Трамп“, рече Клинтон (78), предизвикувајќи громогласен аплауз од публиката.

„Во 2024 година имаме јасен избор: „Ние народот“ и Камала Харис против Трамп за кого постои само „јас, јас и јас“, продолжи Клинтон.

„Не поминува ниту еден ден да не сум благодарен за шансата што ми ја даде американскиот народ да бидам еден од 45-те претседатели. Дури и во лоши денови, сепак можете да направите нешто добро“, продолжи Клинтон.

„Камала Харис е единствениот кандидат во оваа трка со визија, искуство, темперамент да биде претседател во добри и лоши времиња. И да биде нашиот глас“, рече меѓу другото Клинтон.

Клинтон го пофали и говорот на неговата сопруга Хилари претходно оваа недела, која изрази надеж дека Харис ќе стане првата жена претседател во историјата на САД, нешто што не и успеа во 2016 година, кога загуби од Трамп.