Бил Гејтс: Дружењето со педофилот Епштaјн беше огромна грешка


Епстајн во домот на Менхетен во 2011 година, со пријателите: од лево: Џејмс Е. Сталеј, во тоа време висок извршен директор на PMПМорган; поранешен министер за финансии Лоренс Самерс; Г-дин Епстајн; Бил Гејтс, коосновач на Мајкрософт; и Борис Николиќ, кој беше советник за наука на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. - Њујорк Тајмс

САД– Бил Гејтс призна дека направил огромна грешка со тоа што се дружел со Џефри Епштајн… Во интервју за Си-Ен-Ен, тој откри дека биле на неколку вечери, а говореше и за тоа како бил многу тажен по разводот од сопругата Мелинда.

Наводно, една од главните причини за разводот била неговата поврзаност со Епштајн. Пријателскиот однос почнал од 2011 година, кога сега починатиот педофил уплатил парични средства во Фондацијата „Гејтс и ЏП Морган“. Поради тоа, Гејтс жестоко се скарал со својата сопруга. Мелинда била бесна поради тоа пријателство, па потоа ангажирала и адвокати за разводот, во 2019 година, кога средбите на Гејтс со Епштајн излегоа во јавност.

Гејтс неколкупати го посетил Епштајн во неговата куќа, па дури и разговарал со него за неговиот брак. Епстин го советувал Гејтс да се разведе.

Милијардерот сега вели дека и тој бил загрижен за Епштајн кој впрочем, и беше осуден во 2008 година за подведување малолетнички во проституција, неколку години пред Гејтс да го запознае.

– Бев со него на неколку вечери со надеж дека ќе обезбеди милиони за филантропската организација поврзана со глобалното здравје преку неговите контакти. Кога видов дека ништо од ова нема да се случи, нашето дружење заврши. Беше голема грешка што го минав времето со него и му дадов важност. Имаше и други во слична ситуација, но јас згрешив!, нагласи Гејтс.

Гејтс истакнува оти немал апсолутно никаква деловна врска или пријателство со Епштајн и дека нивните состаноци биле исклучиво поврзани со филантропијата. Прашан потоа – дали жали за неодамнешните наводи дека самиот тој се однесувал лошо на работното место, Гејтс не одговори конкретно.