Би-Би-Си крати 130 работни места и укинува два сервиса


Британската радиодифузна корпорација Би-Би-Си соопшти дека крати 130 работни места во продукцијата на вести и тековните операции, со намалување на трошоците, вклучително и прекин на HARDtalk и приспособениот сервис за вести BBC Asian Network. 

Од корпорацијата најавија дека е тоа дел пошироката кампања за намалување на трошоците, во која ќе бидат укинати 500 работни места до март 2026 година, објави Гардијан.

Директорката на Би-Би-Си, Дебора Тарнес, ги објави промените преку електронска пошта, во која наведе дека корпорацијата побарала укинување на 185 работни места и да се отворат 55 нови работни места во обид да се заштедат 24 милиони фунти, или четири отсто од сегашната буџет за вести. 

Долготрајната информативна програма на Би-Би-Си за случувањата во светот HARDtalk и информативниот сервис на Би-би-си за Азија ќе бидат укинати. 

Уредникот на Би-Би-Си, Тим Дејви, ги критикуваше „кусогледите“ буџетски кратења, велејќи дека е „лут и вознемирен поради публиката“. 

-Каде овие млади Британци од азиско потекло, главно од работничката класа, ќе добијат вести релевантни за нив? Но, исто така, многу сум загрижен за колегите кои неодамна се вработија и веќе се отпуштени, рече Дејви. 

Вработен во Азиската мрежа на Би-Би-Си, кој не сакаше да биде именуван, рече дека информативниот сервис е особено важен за публиката, особено кога се случија немирите на екстремната десница претходно годинава.

-По немирите, мрежата на Азија потсети на нејзината важна улога во Би-Би-Си како еден од ретките простори низ организацијата каде луѓето се чувствуваа безбедно да ги кажат своите приказни“, рече тој.