Беса се жали на притисоци од ДУИ пред дипломатите


–Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата. Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на движењето Беса. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се во опасност, се наведува во партиското соопштение.

Движењето Беса уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Северна Македонија. Беса ќе ја продолжи борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработува со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.