Берлин ја враќа Британија во списокот на држави со висок ризик од Ковид-19
Германија– Велика Британија од утре ќе се врати на германскиот список на земји со висок ризик, и покрај малата инциденца на Ковид-19, јави ДПА.
Причината за одлуката е „ограничената појава“ на варијантата на вирусот, која беше пронајдена во Индија, соопшти синоќа Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.