Берлин: Ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација


Маж во Сенциг, место во близина на Берлин, Германија, ја убил својата сопруга и трите мали деца, а потоа и себеси, затоа што лажирал потврда за вакцинација и се плашел дека децата ќе му бидат одземени кога ќе биде откриена измамата што ја направил, појаснија германските обвинители.

Потсртуваме, дека во саботата полицијата во семејна куќа јужно од Берлин најде тела на двајца возрасни на возраст од 40 години и три деца на возраст од четири, осум и десет години.

Во проштално писмо кое го пронашла полицијата мажот навел дека ја лажирал потврдата за вакцинација на својата сопруга. Нејзиниот работодавач дознал за тоа, поради што двојката стравувала дека ќе бидат уапсени и ќе ги изгубат децата, вели обвинителот Гернот Бантлон за Ројтерс.

Членовите на семејството наводно биле мртви со денови, а еден од соседите рекол дека помислил оти неодамна чул истрел. Родителите биле учители, а се наведува дека семејството било во карантин поради зараза од корона вирус.