Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денари за литар


Цените на бензините и на дизелот од полноќ поевтинуваат за 1,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика донесе. Како што се вели во соопштението до медиумите намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 2,13 отсто во однос на одлуката од 14.4.2026 година.

Така, од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)

Од РКЕ појаснуваат дека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 ден/кг и сега ќе изнесува 46,288 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велато од РКЕ.

Од РКЕ посочуваат дека во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,806%, кај дизелот за 9,605%, кај екстра лесното масло за 8,205% и кај мазутот намалувањето е за 6,515%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,1582%, се вели во соопштението на РКЕ.