Зголемени çите на услугите во транспорт и складирање, непроменети кај поштенските и курирските


Фото: Б. Грданоски

Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од     6.7  проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. 

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од  4.2  проценти во одделот Телекомуникации.