Белгискиот парламент бара во меѓународното право да се воеде поимот „екоцид“
Белгискиот парламент донесе резолуција со која од владата бара да се заземе за признавање и казнување за „екоцид“ на меѓународните судови по примерот за процесуирање на злосторства против човештвото.
Ова гласање со големо мнозинство одржано во одборот мора да се потврди и на пленарна седница во парламентот „за две до три недели“, што треба да биде само формалност, вели еден од предлагачите на текстот, пратеник на Зелените, Самуел Коголати.
Нов меѓународен договор
Во необврзувачката резолуција се бара од белгиската влада која ја води либералот Александер Де Кро да иницира нов меѓународен договор со кој би се казнувал екоцид.
Се предлага Белгија да се здружи со земји кои најмногу се залагаат за воспоставување таков суд како Луксембург, Финска, Шпанија и Франција (каде во јули беше воведено казнено дело екоцид)/
Втора можност за белгиската влада е да се појде по примерот на државички како островите Вануету и Малдиви кои побараа измена на договорт за основањето на Меѓународниот казнен суд во Ден Хаг за во него да се внесе и екоцид, покрај воени злосторства и геноцид.
„Оваа реформа на Римскиот статут (со кој е основан овој суд) во моментот е најпрагматичниот пат“, вели за АФП, Самуел Коголати.
Кина, САД и Русија не се заинтересирани
За тоа е потребно двотретинско мнозинство од околу 120 земји учеснички на тој договор, додава тој.
Кина, САД и Русија не се заинтересирани затоа што не го признаваат Меѓународниот суд.
„Во моментот кога очите на светот се вперени во КОП26 сакаме да бидеме сигурни дека криминализацијата на екоцидот е тема на меѓународни разговори. Казненото право мора што побрзо да ѝ биде од помош на планетата“, сметаат белгиските Зелени.
Излевање на нафтатаод танкерот „Ерике“ во Франција, хемискиот отпад на американскатаа компанија 3M во пристаништето во Антврпен, нетранспарентноста на „Монсанто“ (сега подружница на германки Баер) во врска со штетноста на хербицидите: сето тоа може да се сведе под ова ново казнено дело, оцени партијата Еколо-Гроен, истакнувајќи дека „треба да се прекине со неказнување на големите загадувачи“.
Белгиската влада ја чинат либералите, социјалистите и зелените. Кон резолуцијата се приклучија и опозициските (центристи и комунисти). Против беа само крајната десница и фламанските конзервативци.