Белгискиот аеродром „Шарлроа“ затворен поради дојава за бомба


Бриселскиот аеродром Шарлроа денеска на пладне беше затворен поради дојава за бомба, јавија локалните медиуми.

– Денеска претпладне, кусо пред 11 часот, беше активирана закана за бомба во авион што слета на аеродромот Шарлроа. Околу авионот беше поставен безбедносен периметар, што наложи затворање на пистата и со тоа прекин на операциите. Надлежните органи ја презедоа контролата, соопшти аеродромската администрација.

Според првичните информации, било дојавено дека во авион кој слетал од Португалија има експлозивна направа. Патниците од засегнатиот авион на „Рајанер“ сè уште се во леталото.