„Бекутан“- куќа во СОС Детско село доби име според познатиот бренд на „Алкалоид“
Една од куќите во СОС Детското село во Скопје доби име Бекутан, во пресрет на 45-годишниот јубилеј на детскиот бренд на компанијата Алкалоид.
Во куќата Бекутан има 4 деца на возраст од 4 до 12 години и една младинка од 15 години која транзитира во младинска куќа. СОС Детско село во населбата Ченто има дванаесет куќи во коишто се сместени 59 деца до 14 години.
„Имам чест да најавам дека соработката со СОС Детско село ќе продолжи и во текот на цела 2023 година во проширена форма“, вели Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

Детското село е дел од интернационална организација која работи во 136 земји во светот веќе 70 години . Во моментов се грижи за повеќе од 394 деца и млади кои се без родители/родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители.
Организацијата Детско село функционира со помош на донации од индивидуалци, компании, институции и на разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на децата коишто се згрижени во СОС Детско село.