„Баш нѝ е гајле”; Девојчиња украдоа нож во продавница и до смрт избодеа врсничка
Четири девојиња на возраст од 12 до 14 години уапсени се поради фатално бодење на 15-годишно девојче, при тепачка во продавница во Луизијана, САД, а видео-снимките во живо се пренесувани на социјалните мрежи.
Полицијата велид дека 12-годишна, две 13-годишни и 14-годишна се приведени откако девојчето што било избодено починало во болница, во саботата вечерта.
Наводно девојчињата користеле нож што го украле во продавницата каде се случил фаталниот напад.
На снимката од нападот, која е објавена и на Фејсбук и на Инстаграм, се гледа девојче вооружено со нож како ѝ се приближува на жртвата.
Според безбедносните камери, целиот напад е видлив и се знаат напаѓачките, кои потоа побегнале од продавницата и со автомобил се одвезле дома.
На видео-снимките се гледа како бегаат, а една вели: „Штотуку избодев некого во Волмарт“.
„Штотуку ја избодевме кучката во срце. И баш нѝ е гајле“, вели друга.
Девојчињата се уапсени и однесени во поправен дом, додека се соочуваат со обвинение за убиство од втор степен, а неколку за соучество.
Шерифот на округот Тони Манкузо вели дека срцето им се криши од ова злосторство, затоа што многу семејства се уништени по ова.
Нему му е најтешко што девојчињата воопшто не покажале каење.