Бајден подготвен да прогласи елементарна непогода во Тексас

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека подготвен да прогласи состојба на елементарна непогода во Тексас, кој е зафатен од снежно невреме, штом документот му пристигне на маса и дека ќе ја посети таа сојузна држава кога неговото доаѓање нема да биде проблем за тамошните власти.
Милиони жители на Тексас немаат струја по големото снежно невреме.
„Како што реков во кампањата, ќе бидам претседател на сите Американци“, рече Бајден кој есеноска во Тексас го порази претходниот претседател Доналд Трамп.
„Ако тоа може да го направам, а да не бидам на товар на луѓето, планирам да заминам таму“, додаде претседателот. Посетата е планирана за следната недела.
Бајден побара од своите соработници да му пратат барање за прогласување елементарна непогода, рече за новинарите во Белата куќа портпаролката Џен Псаки.
Бајден вечерва ќе разговара по телефон со шефот на Сојузната агенција за вонредни состојби.