Бајден ја оцени евакуацијата од Авганистан како „извонреден успех“


Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа ја оцени мисијата за евакуација на Американците и сојузниците од Авганистан како извонреден успех.

– Ниту една земја во историјата не постигнала вакво нешто. Извонредниот успех на мисијата се должи на неверојатниот талент, храброст и несебичност на американската војска, нашите дипломати и нашите разузнавачки експерти, рече Бајден во свечениот говор во Белата куќа.

Според него, САД остануваат решени да ги евакуираат Американците кои останаа во Авганистан, чиј број се проценува помеѓу 100 и 200.

Бајден ја бранеше одлуката за напуштање на Авганистан, наведувајќи дека САД немаат друг избор освен „да заминат или да дојде до воена ескалација“.

– Имавме само едноставен избор. Или следете ја обврската на претходната администрација и да го напуштиме Авганистан, или да кажеме дека не заминуваме и да испратиме десетици илјади војници назад во војна, рече тој.

Бајден додаде дека немал намера да ја продолжи „вечната војна“ или да го продолжи „вечното повлекување“ од Авганистан.