Бабиш го преживеа гласањето за недоверба во чешкиот парламент


Милијардерот и чешки премиер Андреј Бабиш го преживеа гласањето за недоверба, иако се соочува со обвиненија за корупција, загриженост на ЕУ за можни конфликти на интереси и масовни протести со кои се бара негова оставка.

Опозицијата не успеа да собере 101 глас во 200-члениот парламент за отстранување на владата на Бабиш, објавија АФП.

85 пратеници гласаа „за“ недоверба на кабинетот, а 85 гласаа „против“, изјави пратеничката Јана Чернохова по 17-часовната сесија.

Само 170 пратеници гласаа, а останатите 30 беа отсутни или воздржани. Движењето на Бабиш, АНО, води малцинска коалиција со социјалдемократите (ЦССД), а се потпира и на неформална поддршка од комунистите за парламентарно мнозинство од 108 места во 200-члениот парламент. ЦСЦД гласаше „за“, а комунистите беа воздржани.

64-годишниот Бабиш, роден во Словачка, кој го создаде своето богатство како основач и сопственик на холдингот „Агроферт“, кој се занимава со производство на храна, хемикалии и медиуми, се најде под оган за наводни матни договори. Тој се соочува со полициски обвиненија во врска со проневера на грант од ЕУ во висина од 2 милиони евра (2,25 милиони долари).

Се тврди дека Бабиш бил агент на комунистичката тајна полиција во 80-тите години, кога поранешна Чехословачка е зад Железната завеса.